Српската полиција фати 11 илегални мигранти кои од Македонија нелегално влегле во Србија во товарен воз.
Според соопштението на српската полиција, илегалците биле спречени да влезат во Србија откако биле фатени на железничката станица во Прешево. Тројцата државјани на Алжир, четворица Авганистанци и четворица државјани на Мали биле откриени при контрола на композиција на товарен воз натоварен со контејнери и камионски полуприколки кои превезувале алуминиумски профили во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.