По преговорите, кои траеа повеќе од еден месец, поранешниот кошаркар на Куманово Александар Костовски стави потпис на двегодишен договор со екипата на МЗТ Скопје.
На официјалната веб-страница на клубот од Аеродром е потврдена информацијата за приклучување на Костовски во тимот.
Тој ќе ја засили бековската линија, покрај Огнен Стојановски и Оташевиќ.
Претходно, МЗТ потпиша договори со двајцата нови играчи Рејнолдс и Лучиќ, кои ќе бидат од голема корист под кошевите.
Аеродромци оваа година ќе настапуваат на четири фронта. Покрај домашните натпреварувања во првенството и Купот на Македонија, ќе играат и во јадранската АБА-лига и во Еврокупот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


