| четврток, 6 декември 2018 |

Казни за бугарските градоначалници ако не се справуваат со загадениот воздух

Бугарија воведува строги казни за градоначалниците кои нема да се справат со загадувањето на воздухот.

Во Законот за чистота на атмосферскиот воздух е додена и мерката која гласи: Доколку во некоја општина анализите покажат дека воздухот е загаден повеќе од дозволеното градоначалникот ќе добие парична казна од 2 500 до 5 000 евра.

Градоначалниците имаат рок од една година да го намалат загадувањето.

Но, казни ќе има и за домаќинствата кои со несоодветен материјал за греење ќе допринесат во зголемување на штетните материи во воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top