| четврток, 6 декември 2018 |

Јанчев, Мијалков и Тодоров реагираат на одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Митко Јанчев за кој вчера беше доставен предлог да биде исклучен од партијата, побара извинување од Претседателот Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски поради обвинувањата за закани, поткуп и криминал.

„Поради ваквите неосновани и крајно непрофесионални навреди од страна на Мицкоски и Николоски кои се обидуваат да го нарушат мојот авторитет, барам јавно извинување од двајцата. Во спротивно кон нив ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност“, пишува меѓудругото Јанчев.

 

Со жалење ја примив одлуката на Централниот Комитет на мојата партија, бидејќи од формирањето на ВМРО ДПМНЕ па до денес, бев и ќе останам верен на идеите и постулатите на организацијата. Свесен сум дека партијата е соочена со многу предизвици и дека ова раководство, како и претходните, го очекуваат историски важни одлуки за иднината на Република Македонија и за ВМРО ДПМНЕ. Ова го изјавил Сашо Мијалков за Прес24.

– Секое раководство го носело товарот да обезбеди модерна и просперитетна Република Македонија која ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Истиот товар го носи и ова раководство и нивна е одговорноста дали организацијата што ја наследиле и сите капацитети на партијата ќе ги користат за внатрепртиски поделби и чистки или за демаскирање на лошите политики на СДСМ и побргу враќање на власт. Новото раководство ја носи одговорноста дали партијата ќе биде респектиран партнер во рамки европските народни партии или ќе заглави во изолација. Новото раководство ја носи одговорноста за доследност на историските принципи на партијата и стратешката ориентација кон ЕУ и НАТО, вели Мијалков по одлуката за негово исклучување.

кола Тодоров денеска на својот фб профил изрази разочараност, но како што вели, не од одлуката на ИК на партијата да започне процедура за негово исклучување, туку од нејзиното трансформирање во антизападна и антимакедонска фракција.

– Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во антизападна, анти ЕУ и анти НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам. Затоа, сакам да им се заблагодарам што со овој чекор ме спасија од срамот да бидам дел од нивната секташка фракција, пишува Тодоров на неговиот фејсбук-профил.

Во написот со кој им се обраќа на членовите и симпатизерите на партијата, посочува дека ВМРО преживеала и поминала многу и оти, како што вели, „ќе ги преживее и нив”.

– Мојата ВМРО-ДПМНЕ не е изолирана партија. ВМРО-ДПМНЕ е европска, модерна, центар-десна политичка партија. И јас сум се уште со срцето и душата во ВМРО-ДПМНЕ и никој, никој не може да ме исклучи од мојата партија. Семејството, државата и партијата ми се најважните, вели Тодоров во фејсбук-статусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top