Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот Зоран Шапуриќ положи венец со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк , по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.
Во честитката до граѓаните Шапуриќ подвлече дека „Денот на македонската револуционерна борба нè обврзува заеднички да ги водиме нашите идни битки – за мир, за стабилност, за подобар живот во Македонија.
Истакнувајќи ја храброста на нашите револуционери, на кои денес им се поклонуваме и ги чествуваме, министерот подвлече дека македонскиот народ низ историјата секогаш бил определен кон западноевропските цивилизациски вредности и порача дека наша должност е да продолжиме по тој пат, патот кон НАТО и ЕУ.
Во чест на 23 Октомври – Денот на националната борба, денот кога во 1893 година во Солун беше основана Македонската револуционерна организација (МРО), на споменикот на Гоце Делчев, симболот на македонската револуционерна борба, положија цвеќе и делегации на Собранието на Република Македонија, на Претседателот на РМ, на АРМ, на Сојузот на борците на РМ, како и претставници на МАНУ, на УКИМ, на политичките партии и на дипломатскиот кор во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


