| четврток, 6 декември 2018 |

Се сели во ривалски тим: Марота oд јануари преминува во Интер

Долгогодишниот генерален директор на Јувентус, Бепе Марота, во четврток официјално ќе го напушти клубот од Торино, а во јануари ќе започне да ја обавуваа оваа функција во Интер. Италијанските медиуми пишуваат дека Марота ги договорил сите детали со Интер и од почетокот на наредната година тој ќе биде задолжен за трансфер политиката во клубот, кој е еден од најголемите ривали на Јувентус.

Инаку Марота, кој е еден од најзаслужните луѓе за доминацијата на Јувентус во италијанскиот фудбал, го напушта клубот по осум години, бидејќи му истекол договорот, а челниците не му понудиле да ја продолжи соработката. Неговото име се поврзуваше со позицијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија, понуда која според медиумите на „чизмата“ тој решил да ја одбие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top