| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски со честитка за 23 Октомври: ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ

– Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук во својата честитка за денешниот празник, 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба.

– Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top