| четврток, 6 декември 2018 |

Teшка сообраќајка во центарот на Скопје

МВР денеска соопшти дека синоќа во 22,30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од улицата „Аминта Трети“ со улицата „Коста Кирков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо 307“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.Љ.(25) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистерски таблици управувано од С.Ј.(29) од скопското село Глумово.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот С.Ј. и сопатникот од истото возило Б.С.(27) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар на С.Ј. му биле констатирани телесни повреди, додека на Б.С. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top