Веќе длабоко загазивме во есен, а наскоро доаѓа и зимата. Некои од хороскопските знаци ги очекува топла, љубовна зима.
Бик
Една личност која ќе ја запознаете или која веќе сте ја запознале а ќе се зближите наскоро, ќе го промени од корен вашиот живот. Ќе ги смените своите навики, ќе најдете инспирација во себе да промените многу нешта и ќе бидете среќни како никогаш досега.
Ова е одлично време за да сфатите колку потенцијал имате во себе.
Рак
2018 година започна со полн месец во вашиот знак, оваа година е ваша година. Работевте многу на тоа да се спознаете себеси, а наскоро вашата интуиција ќе ви помогне да ја најдете и својата сродна душа на полето на љубовта. Бидете отворени, бидете јасни во своите потреби и издигнете се над својата срамежливост.
Лав
Иако често делувате како да не знаете што сакате, сепак за вас доаѓа зима кога конечно вашето его ќе престане да владее. Силата е во вашиот знак, а љубовта која ве очекува ќе ви донесе огромна сила и среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.