| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка ги испрала сите пари за местењето натпревари во Белгија!

Македонката Марија Богојевска е една од главните учесници во аферата која го потресе белгискиот фудбал. Во акцијата „Чисти раце“, која ја спроведе белгиската полиција и при која беа уапсени тренери, менаџер и други лица за вмешаност во перење пари, местење натпревари и финансиски малверзации, еден од главните актери е всушност Богојевска, објавува „Спорт1“.

Таа е девојка на еден од главните осомничени во аферата менаџерот Дејан Вељковиќ и „испрала“ два до три милиони евра за нејзиното момче, пишуваат белгиските медиуми.

Вељковиќ ја замолил Богојевска да отвори девизна сметка во банка во Белград за да и префрли пари. Овие пари менаџерот наводно сакал да ги сокрие од својата поранешна сопруга со која бил во разводна постапка. Македонката не се сомневала во намерите на нејзиниот дечко се до март оваа година, кога ја открила вистинската причина, зошто Вељковиќ и префрлил толку многу пари на сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top