| четврток, 6 декември 2018 |

Пет илјади прегледи за нецел ден на првата сказна „Биби и животните“

Првата сказна на сезнајката Биби, „Биби и животните“, за нецел ден ја проследија повеќе од 5.000 гледачи на нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi. Првата сказна е посветена на омилените другарчиња на Биби.

-Биби многу ги сака животните и е нивна заштитничка. Сака да игра со нив, се грижи за нив во блиската шумичка до нејзиниот дом. Природата има свои правила кои сите треба да ги почитуваат, токму тоа сака да ги поучи Биби дечињата, велат од тимот на проектот „Светот на Биби“.

Проектот е инициран од тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк. Режисер е Гоце Цветановски, креативен директор е Тхе Мичо (Михајло Димитриевски), а сценариото е на Билјана Црвенковска. Гласот на Биби го позајми актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Пред една недела на јутјуб-каналот беше објавена „Азбуката на Биби“ во која секоја буква има своја приказна и преку примерите на Биби децата го откриваат нејзиниот свет. Наскоро ќе биде промовирана и сликовницата на Биби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top