На 24 октомври, среда, во Галеријата на МКЦ, со почеток во 20 часот, ќе биде промовиран романот „Тажна приказна за среќни луѓе“ од македонскиот писател и режисер Андреј Илиевски-Волкашин, издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје. Настанот ќе биде збогатен со музичкиот настап на гостинката од Бугарија, Силвија Станоева.
Андреј Волкашин е писател и режисер, роден во Делчево во 1985 година. Неговите филмови и сценарија се подржувани од Македонската агенција за филм и од Бугарскиот филмски центар и се прикажувани и наградувани на многубројни меѓународни фестивали. Андреј сака да експериментира со различни жанрови и стилови, но во неговата работа, и како писател и како режисер, секогаш главен фокус останува комплексноста на човечката душа.
„Заборавот е страшен. Се прикрадува како сенка во животот на немоќната старица Стана. Ја покрива болката во нејзиниот живот, но заедно со неа и целата негова убавина. За неа времето не тече од денес кон утре затоа што со секој нов ден Стана се буди во различен момент од својот живот. Еден ден таа е четиринаесетгодишна девојка што трча по подивените крави низ летната бура, а веќе наредниот е мудра мајка што се обидува да ја одржи љубовта меѓу своите деца, разделени од политичките идеологии во новородената Македонија. Стана патува низ времето обидувајќи се да ги зачува, да ги спаси од сенката сите спомени што вреди да се зачуваат. Преку неа мозаично се обликува приказната за едно мало македонско гратче и за маѓепсаните луѓе во него“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст