Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан синоќа го прослави својот 38 роденден. Нејзините бројни пријатели и семејство ѝ честитале по пат на Инстаграм и испраќајќи ѝ подароци, но сепак најмногу се истакна и потруди нејзиниот сопруг Канје Вест.
Канје кој е познат по својата екстраваганција во речиси сè, тоа го покажа и во купувањето подарок за својата сопруга.
Неодамна ја почестил со милионски износ само поради тоа што одбила да соработува со еден бренд, а за роденденот се одлучи да биде романтичен.
@KimKardashian You’re stunning.
I will keep trying to make things that can express how beautiful you are inside and out and how much I love you and our family pic.twitter.com/RurDAmLrwe
— ye (@kanyewest) October 20, 2018
Канје одлучил цела соба во нивната куќа да ја украси со цветни аранжмани, а тој дури и ја разбудил Ким свирејќи на пијано.
Канје својот труд го објави на Твитер и напиша: “Ким ти си прекрасна. Ќе се трудам да правам работи кои ќе покажат колку си прекрасна надворешно и внатрешно и да ти покажам колку многу те сакам тебе и нашето семејство”.
Ким била воодушевена со ова изненадување и веднаш објави на Instagram Story како изгледа нејзиниот дом по повод роденденот. “Канје е најкреативната личност кога станува збор за цвеќиња за мојот роденден. Те сакам многу душо”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст