Како што соопшти МНР, министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој, се додада, нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.
Димитров и заменик-помошникот државен секретар Палмер разговарале и за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст