Во СВР Штип било пријавено дека вчера во 02:55 часот во дискотека Клик во Штип, Роберт Димитров, сопственикот на кабелскиот оператор Телекабел, држејќи стаклено шише се доближил до масата на која бил А.П. (34) заедно со М.К. (26), С.С. (22) и Ѓ.Ш. (35) сите од Штип, при што Р.Д. со шишето го удрил А.П. неколку пати во пределот на главата, по што му се придружиле и С.З (28), Ф.З (23) и Ж.К. (38), кои продолжиле со чаши и шишиња да го удираат А.П. по главата и телото.
Потоа напаѓачите ја напуштиле дискотеката, а А.П. бил пренесен во Клиничката болница Штип каде е задржан на лекување.
За случајот е известен Основен јавен обвинител и се работи на негово целосно расчистување, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст