Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, при крајот на неговата кариера би можел да заигра за најтрофениот клуб во светот, Реал Мадрид кој во зимскиот преоден рок со сигурност ќе тргне по нови засилувања. “Кралевите„ се во сериозна криза по заминувањата на Роналдо и под палката на новиот тренер, Лопетаги бележат очајни резултати.
Реал испиша негативен рекорд и за прв пат во историјата имаа црна серија од 481 минута без да ја затресат противничката мрежа. На 12 меча, избраниците на Хулен Лопетеги имаат постигнато скромни 18 погодоци, па затоа се размислува за ангажман на нов голгетер во јануари.
Претходно се споменуваа неколку фудбалери, а на листата со желби има и едно помалку изненадувачко име, односно Златан Ибрахимовиќ. И покрај тоа што има полни 37 години, Швеѓанецот е одличен во МЛС каде редовно ги тресе противничките мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст