Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо почнал интерна истрага во соблекувалната за да го дознае виновникот за „протекување” на информации од неговиот тим. Португалецот сака да открие како неговиот стартен состав за дербито со Челси се најде на интернет страниците часови пред почетокот на натпреварот на „Стемфорд Бриџ” кој заврши со резултатот 2-2.
Според пишувањата на англискиот медиуми, Португалецот збеснал кога во саботата наутро на социјалните мрежи го видел својот почетен тим. Единствено играчите и членовите на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед го знаеле списокот на 11-мината во петокот вечерта кога тимот пристигнал во хотелот во Лондон.
Ова е втор пат сезонава, кога стартниот состав на Мурињо е публикуван пред почетокот на натпреварот. Истото се случи и пред гостувањето кај Вест Хем кое „Ѓаволите” го изгубија со 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст