Лицето кое со закани преку социјалната мрежа Фејсбук го изрази својот став и со тоа предизвика загрозување на безбедноста на пратениците во Собранието, ќе заработи кривична пријава.
Познато е дека пријавата ќе се однесува на лицето А.Н (38) од скопско Коњари, кој е под сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем. Полицијата во неговиот дом изврши претрес и одзема предмети кои се во интерес на истрагата, а осомничениот е повикан на распит во полициска станица.
Од полицијата велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и натаму ќе продолжи со овие активности, се со цел санкционирање на ваквите случаи, и исто така ги охрабри граѓаните кои се изложени на вакви закани да се обратат до полицијата и да пријават. Во следните денови најавени се и други кривични пријави.
Инаку, осуммината опозициски пратеници кои гласаа „за“ отворање на уставот се под 24-часовна полициска заштита, бидејќи постојано добиваат закани во пишани пораки на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст