Петнаесетгодишен ученик се соочува со обвинение за напад со предумисла, откако во среднто училипште „ Edouard-Branly“ во Париз, впери лажен пиштол во главата на професорката.
Видеоснимката од инцидентот, која веднаш беше споделена на социјалните мрежи, ја згрози француската јавност. На снимката јасно се гледа ученикот кој држи пиштол над нејзината глава и се дери да биде запишан како присутен на часот, иако задоцнил, додека друг ученик во позадината на камера покажува среден прст.
Наставничката изгледа смирено и знае дека се работи само за играчка, но сепак може да се заклучи дека не и е сеедно.
Ahahaha j’sui dans un lycée de fou barjoo 😂😂 pic.twitter.com/twDgwR1Unc
— Fernando (@DjeffChap) October 19, 2018
Целиот случај го кометираше и претседателот на Франција Емануел Макрон кој рече дека овој инцидент е „неприфатлив“.
-
- Неприфатливо е да му се заканувате на професор. Од министрите за образование и внатрешни работи побарав да ги преземат сите потребни мерки за да обезбедат таквите акции да бидат казнувани и забранувани во нашите училишта – напиша Макрон на „Твитер“.
Овој случај покрена лавина коментари кои укажуваат на тоа дека професорите секојдневно се соочуваат со насилство во училиште од страна на учениците и бараат од властите да преземат соодветни мерки за да се спречат вакви случаи во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст