Иако за многумина неочекувано, Кристијано Роналдо летово го напушти Реал Мадрид и замина во Јувентус за 110 милиони евра, а периодов се шпекулира дека по неговите стапки би можел да тргне уште еден негов поранешен соиграч.
Играчот на Реал Мадрид, Марсело, наводно го известил раководството на тимот дека во јануари сака да се пресели во Јувентус.
„Тутоспорт“ пишува дека Марсело сакал да го напушти Мадрид уште летоска и да се пресели во Торино, но тогаш трансферот не се реализираше. Сепак, сега ситуацијата е посериозна, а главната личност задолжена да го убеди Бразилецот да се пресели во „Старата дама“ е токму неговиот поранешен соиграч Роналдо.
Според италијанските медиуми, Јуве е подготвен за услугите на Бразилскиот лев бек да плати 50 мил. евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст