Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер и со американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.
Како што информираат од ДУИ, на средбата соговорниците дискутирале околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција.
Ахмети ги потенцирал напорите за постигнување на потребната подршка во Собранието и истакнал дека петокот бил само почеток на повеќемесечниот процес за спроведување на Договорот од Преспа.
„Нашиот конструктивен придонес нема да изостане во наредните недели до заокружување на процесот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Земјата и регионот немаат друга алтернатива освен Евроатланската интеграција и усвојување на демократските западни стандарди“, истакнал лидерот на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст