Околу 20 затвореници од затворот “Шутка”, осудени за полесни кривични дела, ќе волонтираат во скопската Зоолошка. Нивна работа ќе биде да ја чистат, да фарбаат ограда ако треба, да помагаат при поправање на живеалиштата на животните.
За оваа соработка помеѓу КПУ ”Шутка” и ЗОО Скопје, директорите потпишаа и меморандум за соработка. Уште веднаш на ресоцијализација и едукација е донесена првата група затвореници, некои од нив и првпат биле во Зоолошката.
– Проектот започна со ресоцијализација и едуцирање на осудени лица за полесни кривични дела, а понатаму ќе продолжи со волонтирање како и донации од КПУ “Шутка”. Зоолошка градина Скопје е отворена за соработка со сите државни установи и институции, велат од зоолошката.
(извор – Вечерпресс)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст