
Бенџамин Констант „Влегувањето на Мехмед II во Константинопол“, 1876
Пратеникот Антонио Милошоски, сподели поучна приказна за освојувањето на Истанбул (Цариград) од страна на Османлиите, која кореспондира со актуелната ситуација во Македонија.
„ПОУЧНА ПРИКАЗНА, кога Османлиите сакале да го освојат Цариград, а не можеле никако!
Султанот Мехмед II со многу злато ги поткупил трговците од Цариград, да му кажат од каде да нападнат, за да го освојат.
Ги поткупил со голема количина злато, а тие му го кажале послабо обезбедениот дел од градот каде е полесно да нападнат.
Кога Османлиите го освоиле Цариград, Султанот ги собрал оние кои ги поткупил со златници и наредил да им ги отсечат главите, а златото со кое ги поткупил да им го стават во гробовите. На тоа се зачудиле османлиските генерали и прашале: ,,Султане, тие ни помогнаа да го освоиме Цариград, зошто им ги сечеш главите?”
Султанот на тоа одговорил: ,,кога тие СВОЈОТ НАРОД го продадоа за пари, замислете што може да ни направат нам”!?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


