| четврток, 6 декември 2018 |

Сè е убаво во Германија, ама прескапо е да си…

Млади двојки од Хрватска, кои заминале по подобар живот во Германија, се враќаат во татковината за да се венчаат.

Глас Славоније пренесува дека новопечените брачни двојки сведочат дека во Германија е многу скап живото за самци, бидејќи имаат давачки кон државата ако се одлучат да водат самечки живот. Токму поради тоа младите се враќаат во татковината за да склучат брак и да си го олеснат животот во Германија.

-Ако отидете како пар во Германија, влегувате во, како што велат тие, во првата група, значи прва група даноци, а тоа е даночна единица во која многу ви кинат од месечната плата, зашто самците плаќаат највисок данок во Германија. Затоа син ми и неговата девојка за една недела се решија да заминат за Германија, но претходно овде во Ѓаково се венчаа пред матичар, да не одат како самци во Германија, раскажува една тазе свекрва за Глас Славоније.

Со венчавањето, како брачна двојка, во Германија влегле во пониската, втора даночна група, во која давачките кон државата се значително пониски.

-Син ми вели дека разликата во платата е 300-400 евра. На две плати, тоа се 600-800 евра. Ако заминел како самец, платата ќе му беше 1100 евра, а вака му е 1580.

Сепак, оваа приказна има и друга страна. Додека едни се враќаат дома за да се венчаат, други доаѓаат за да се разведат. Разделеноста на брачните другари поради работа на едниот брачен другар е се поголем проблем во странство и причина за брачен бродолом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top