Едно лице е повредено во сообраќајката која попладнево се случила на патот Градско-Прилеп, кај тунелот близу кавадаречкото село Фариш. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека во сообраќајната несреќа учествувале две возила.
-Увидот се уште трае, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Повредениот е пренесен во Општа болница Кавадарци, рече Додевски.
Веднаш по пријавата за несреќата, на лице место пристигнале и интервенирале пожарникари од Теритиријалната противпожарна единица од Кавадарци, кои се обучени да интервенираат при сообраќајни незгоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст