Косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) побара морални оставки или разрешување на челници на безбедносните институции, поради скандалот со синот и внукот на директорот на Агенцијата за разузнавање (АКИ) Шпенд Маџуни, кај кои полицијата пред повеќе од една недела пронашла нелегално оружје и дрога, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пратеникот на ВВ Реџеп Селими на денешната конференција за новинари, по повод случајот за кој вчера извести весникот „Коха Диторе“, изјави дека „Косово нема потреба од реформи во правдата, колку од реформи, односно ветинг, во безбедносните институции, во АКИ и полицијата“.
– Моралните оставки или разрешувањето во тие институции би претставувале почеток на тие реформи. Случајот на фаќањето со дрога и оружје на синот на шефот на АКИ не е прв таков случај, бидејќи и порано сме сведочеле на слични случаи кои се последица на заробеноста на државата од страна на нејзините главни водачи, изјави Селими.
„Коха Диторе“ вчера објави дека косовската полиција, на 13 октомври, при претрес на возило „голф“, во кое биле синот и внукот (син на братот) на директорот на АКИ Шпенд Маџуни, пронашла извесно количество дрога, како и пиштол и нож.
Возилото кое било запрено е сопственост на Енвер Маџуни, татко на директорот на АКИ, односно дедо на двајцата млади кај кои е пронајдена дрогата и оружјето. Енвер Маџуни е исто така познат во косовската јавност како поранешен полициски раководител, а неговиот син Шпенд, пред да биде именуван за раководител на АКИ, беше директор на Полицијата на Косово, од времето кога премиер беше актуелниот претстедател Хашим Тачи.
Според медиумите во Приштина, надлежните органи се обиделе да го затајат случајот, со тоа што кривичната пријава од полицијата не била проследена во приштинското Обвинителство.
Дури откако во петокот весникот се заинтересирал за случајот, обвинителството побарало информација од полицијата, која истиот ден ја предала кривичната пријава и случајот е испратен во натамошна редовна процедура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст