Бугарскиот претседател Румен Радев ja поздрави политичката храброст, лидерство и државничка одговорност кои водат кон приближување меѓу Бугарија и Македонија.
Според него, гласањето на промените во македонскиот устав се само почеток на еден пат кој треба да доведе до уште поголема блискост, пренесе БГНЕС.
-Резултатот од спроведеното гласање на 19 октомври 2018 година во парламентот е важен чекор за Република Македонија по еден долг историски пат. Тој треба да доведе до уште поголема блискост меѓу нашите две земји на принципите на пријателството, добрососедството и соработката, изјави денеска претседателот на Бугарија.
Радев вели дека „изгледите за развој на нашите билатералните односи и нивното расчистување со идеолошките наслаги од блиското минато се од исклучително значење за зацврстување на поддршката на Република Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст