| четврток, 6 декември 2018 |

Тензично во Лерин: Златна зора блокира музички настан на Македонци (ФОТО)

Грчки неонацисти попладнево блокираат десетици Македонци од Грција кои сакале да присуствуваат на македонски културен настан.

За време на блокадата на која се присутни грчки полициски сили е тензично, но засега нема физички контакт меѓу Mакедонците и членовите на неонацистичката партија Златна Зора и други радикални групации, информираат членови на македонски организации од северниот дел на Грција.

Настанот се организирал во врска со Домот на Македонската култура а инцидентот се случува на патот од Лерин кон селото Пателе каде требало да се одржи културниот настан.

За време на блокадата грчките неонацисти извикувале “победа” и погрдни зборови за Македонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top