| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за скопјанец, им се заканувал на „осумтемина на Заев“

48-годишниот скопјанец Г.Т. заработи кривична пријава поради статус на Фејсбук, во кој ширел говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Цел на повиците за насилство на обвинетиот биле осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставни измени.

Како што соопштија од МВР, секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднел Известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа Фејсбук, кои се соодветно документирани.

Од полицијата известуваат дека нивните надлежни служби и понатаму ќе продолжат со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи и ги повикуваат граѓаните коишто се изложени на вакви закани или сведочат за вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top