| четврток, 6 декември 2018 |

Литар од оваа течност чини 10 милиони долари, а само неколку капки ќе ве убијат

Отровот на жолтата шкорпија може да биде смртоносен, но може да ве направи и многу богати.

Жолтата шкорпија е една од најсмртоносните видови на планетата, а еден галон(3,7 литри) од нејзиниот отров чини неверојатни 39 милиони долари.

Дури и кога би имале толку пари, не би можеле да купите цел галон бидејќи овој отров се продава во многу мали количини. Само една капка, помала од зрнце шеќер, би ве чинела 130 долари, односно 7.000 денари.

За толку високата цена постои и добра причина, бидејќи до овој отров тешко се доаѓа.

Отровот од шкорпијата се извлекува рачно, а од една шкорпија можете одеднаш да извлечете само два милиграма отров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top