| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е спомен на Светите маченици Сергиј и Вакх: Празник кој носи зима, ова никако не смее да се прави!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври.
Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста. Но, кога слушна царот дека овие негови двајца достоинственици се христијани, ја измени својата љубов кон нив во гнев. И еднаш, кога имаше големо жртвопринесување на идолите,царот ги повика Сергиј и Вакх заедно со него да им принесат жртви, но тие отворено му откажаа послушност во тоа. Надвор од себеси од јарост, царот нареди и им ја соблекоа војничката облека, ги облекоа во женски фустани; уште им ставија и железни обрачи на вратот и така ги водеа по улиците на градот Рим за потсмев на сите и на секого. Потоа царот ги испрати во Азија, кај својот намесник Антиох, заради мачење. А овој Антиох се имаше издигнато на својата положба со помош на Сергиј и Вакх, коишто во свое време го препорачаа кај царот. Кога тој почна да ги советува да се одречат од Христа за да се спасат себеси од бесчестење, маки и смрт, овие свети луѓе му одговорија: „И чест и бесчестење и живот и смрт – сè му е исто на оној што го бара Царството Небесно.“ Антиох ги фрли Сергиј и Вакх во затвор и нареди прво да го мачат Вакх. Слугите се менуваа еден по друг тепајќи го светиот, сè додека не му го здробија телото. Од здробеното раскрвавено тело на свети Вакх излезе неговата душа носена од ангелските раце пред Господа. Тој пострада во градот Варвалис. Тогаш беше изведен свети Сергиј, кој го обуја во железни опинци начичкани однатре со клинци, и така го туркаа до градот Росаф во Сирија, каде што го убија со меч. Пострадаа и примија венци на бесмртна слава околу 309 година.

Празник на кој ова не смее да се прави
На овој празник земјоделците посебно треба да внимаваат да не излегуваат со волови на нива, зошто на тој ден не треба да се ора. Се верува дека на тој ден дивите ѕверови стануваат питоми и мирни.
Преданијата велат дека Свети Сергиј на овој ден ги посетува сите опинчари, чевлари и со нив прославува, односно празнува. Овој ден меѓу православниот свет се смета за природна граница меѓу есента и зимата.

Светиот маченик Полихрониј
Родум од Агатанидската епархија, од родители – селани. Како млад, аргатуваше на лозјето на некој Цариграѓанин. Како аргат, Полихрониј се предаваше на деноноќен подвиг на пост и молитва. Кога го виде неговиот живот, според чистотата и воздржливоста – ангелски, газдата му даде многу повеќе пари одошто имаше заработено. А свети Полихрониј ги зеде парите и изгради црква. Во времето на Никејскиот Собор, Полихрониј беше чтец и во таа прилика покажа толкава ревност во застапувањето на Православието пред аријанците, што го посветија за свештеник. Подоцна, овие злобни еретици за одмазда го нападнаа свети Полихрониј во самата црква и го исекоа на парчиња. Така пострада овој голем бранител на Вистината и чистотата на Православието и прими венец на слава од својот Господ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top