| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени броеви за донации: Помалиот брат на Сара ќе донира коскена срцевина

Од денеска започнаа да функционираат телефонските броеви за донации за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.

Сите граѓани на државата можат да донираат на телефонските броеви 143 102 на Т-Mobile и 143 480 на VIP.

Се работи за болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж.

Преку писмо, родителите на девојчето раскажуваат дека болеста била утврдена во август, а нивниот 13-годишен син е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа.

„Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники“, велат родителите.

За да се изврши оперативниот зафат на трансплантацијата на коскената срж потребни се над 200.000 евра, пари што родителите не можат сами да ги обезбедат. Сите кои се во можност можат да помогнат и со уплата на средства на следната жиро сметка: 200 001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top