| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц: Време е за обединување на политичките сили и финализирање на процесот

Постапката на Парламентот вчера е важен чекор за Македонскиот народ и многу сум охрабрен од преземените дејства, изјави Метју Нимиц, медијатор и пратеник на Генералниот секретар на ОН во спорот за името.

Во изјава за МИА тој укажа дека најмногу е импресиониран од начинот на кој работат уставните процеси и демократијата во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, тој додаде дека секој во Македонија треба да биде горд што таква тешка одлука беше донесена на ваков начин.

– Знам дека беше тешко да се донесе одлуката бидејќи работев на проблемот околу 24 години. Никој тоа не го знае подобро од мене, укажа Нимиц.

Го повикува политичкото лидерство на земјата, сите политички партии и оние кои имаат различни гледишта, да работат заедно и да го финализираат процесот со имплементација на договорот.

-Голем оптимист сум за вашата земја и сигурен сум дека има прекрасна иднина,“ изјави Нимиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top