| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенката се омажи во тајност, фотографиите од свадбата ги изненадија сите

Манекенката Карли Клос, која до неодамна беше еден од „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, се омажи во тајност, со нејзиниот свршеник Џошуа Кушнер. Таа објави фотографии на социјалните мрежи, а претходно никогаш во јавност не откри кога ќе прави свадба.

Карли носела фустан од „Диор“, а свадбата се одржала во Њујорк.

Манекенката во јули годинава ја објави свршувачката, а покрај нивните заеднички фотографии тогаш напиша: „Не можам со зборови да опишам колку те сакам. Џош, ти си ми најдобриот пријател и мојата сродна душа. Едвај ја чекам нашата заедничка вечност. Милион пати ‘да’“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top