Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го започна вечерашното обраќање пред медиумите и јавноста во Република Македонија со зборовите „Денеска за Република Македонија е тажен ден, црн петок, најцрн ден во независна суверена Република Македонија“. Сепак, како што додаде тој, останува историски траг на кој мора да се биде горд, а тоа е дека народот не ја изневерил државата. Според него, тоа го направил Зоран Заев.
-Волјата на мнозиноството граѓани потврдена на референдум, дека се против договорот со Грција, беше погазена од две третини од пратениците во Собранието, но и од осум пратеници од опозицијата, кои тргнаа против волјата на граѓаните. На ова претходеа информации и сведоштва кои ми беа пренесувани за силни притисоци и закани. Се говори дека било ветувано ослободување од обвиненијата за кои денес е повеќе од јасно политички прогон. Ги уцени пратениците за да гласаат за овој договор. Велат дека биле понудени и пари, и наместо Собранието да биде храм на демократијата, имавме коднапирана институција од ордите на Зоран Заев и неговите луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


