| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Честитки пријателе

Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на Заев откако вечерва Собранието го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени согласно Договорот за името со Грција.

„Честитки пријателе, Зоран Заев! Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех. Многу важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите народи!“, напиша Ципрас на неговиот профил на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top