Џезаир Шаќири, на јавноста познат како командант Хоџа, преку Фејсбук упати честитки до новоформираната Армија на Косово. Хоџа обелодени и дека ќе даде пет пензии од УЧК за опремување на косовската Армија. Тој ги повика сите 60.000 ветерани на УЧК да го следат и да донираат барем по една пензија за косовската војска.
– Честитки за Косово и за Армијата. Предлагам и давам за Косовските Бeзбедносни сили пет пензии од ветераните на УЧК. Ги охрабрувам сите ветерани да донираат најмалку една пензија од ветераните на УЧК годишно за Косовските безбедносни сили да се опремат со најсовремено оружје. 60.000 ветерани ако дадат по една пензија од 170 евра доаѓа околу 10 милиони евра за косовската Армија, напиша на Фејсбук екс командантот Хоџа.
Хоџа неодамна ја разбранува јавноста кога премиерот Зоран Заев го назначи за надворешен советник за безбедност и радикализам. Но, по жестоките реакции на јавноста, Хоџа за само пет дена по назначувањето се повлече од функцијата. Јавноста реагираше на минатото на Хоџа, односно на неговото присуство на американската црна листа, ставовите за загинатите полицајци во Диво Насеље, како и на неговите ставови за уредувањето на државата.
По оставката на советничката функција Хоџа за МИА изјави дека досега само Заев му укажал шанса и дека само него го почитува. Тој тогаш рече и дека се повлекува од функцијата во интерес на државата и дека не му е до државната плата од 36 илјади денари месечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст