| четврток, 6 декември 2018 |

Семејно насилство во Струга: Татко со пиштол го тепал својот син

Полициската станица Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“ поднесе кривична пријава против С.Е. (50) од струшкото село Подгорци.

Тој, кривичното дело го сторил на 30.09.2018 година во семејната куќа во селото кога започнал вербална расправија со неговиот син О.Е. по што и физички го нападнал.

Пријавениот извадил пиштол и со кундакот го удрил својот син во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top