| четврток, 6 декември 2018 |

Наредба до пратениците од СДСМ: Задолжително сите во сала

Задолжително сите во сала – ваква порака им пристига на вибер на пратениците од владејачката партија. СДСМ бара од нив сите да влезат на расправата за Уставните измени, а се поизвесно е дека денеска ќе има гласање.

Еден од пратениците загрижено одговара на групната порака- Заглавен сум во болница.

Пратеникот Ферид Мухиќ пред почеток на седницата изјави:
– Ако се гласа, значи е обезбедено двотретинско мнозинство, ако не се гласа значи не е, рокот е некаде до среда, но мислам дека денес ќе успее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top