| четврток, 6 декември 2018 |

ФАЦ: Уставните измени ќе пропаднат, ќе следат нови избори

Михаел Мартенс, дописник на германскиот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг од Атина, објави детална анализа што не очекува следно, откако уставните измени ќе пропаднат и кои актери на политичката сцена во Македонија каква улога ќе имаат.

Со насловот “(Нови) Избори наместо пробив?”, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, преку анализа од реалната ситуација на терен, констатира дека решението на „Спорот со името„ помеѓу Македонија и Грција ќе пропадне, со што Преспанскиот договор ќе стане ништовен“.

– Пропаста на Преспанскиот договор овој пат започна од Атина, а ќе финишира во Скопје, пренесува ФАЦ.

– Оставката на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас како и политичко-правните натегања во Скопје би можеле да придонесат да пропадне најважниот безбедносно-политички проект на Западот во ЈИЕ во овој момент, приемот на Македонија во НАТО. Ниту најновите случувања во Атина и Скопје не го направија повозможен обидот да се реши грчко-македонскиот „Спор за името„ со цел да се забрза интеграцијата на Македонија кон Запад.

– Коѕијас, чија оставка грчкиот премиер Алексис Ципрас веднаш ја прифати, важи за умна глава и „тежок„ човек. Како главна причина за разидувањето на патиштата на Ципрас и неговиот Министер за надворешни работи после повеќе од три и пол години важи „Спорот за името„. Коѕијас беше еден од архитектите на грчко-македонската Спогодба која се потпиша во јуни и која предвидува преименување на Македонија во „Северна Македонија“, пишува германскиот весник.

Франкфуртер Алгемајне Цајтунг во својата анализа проценува дека и премиерот Ципрас избрал сигурна власт, отколку пропаст на нови избори за кои знае дека ќе ги изгуби.

На последната седница на која учествуваше Коѕијас, се вели дека Каменос го обвинил Министерот за надворешни работи дека е под влијание на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Коѕијас, во секој случај, веројатно со право стекнал впечаток дека во спорот со Каменос веќе нема доволно поддршка од премиерот. Ципрас во моментов сака да избегне предвремени избори. Тој во анкетите е зад шефот на опозицијата Киријакос Мицотакис, а тој резултат не би го променил ниту решението на „Спорот за името„.

– Но и на Заев не му е “лесно”, откако беше поразен на референдумот, сега се соочува со финалниот дебакл во Собранието на Македонија, по основ на уставните измени.

– Од Скопје, пак, стигнуваат вести кои во најмала рака отвораат прашања за независноста на судството, откако македонското Специјално јавно обвинителство повика на распит десетина пратеници од конзервативно-националната опозиција како обвинети и осомничени. Тајмингот побудува внимание, особено што Македонија во овие денови треба да гласа за промена на својот устав и со тоа да го промени сопственото име во „Северна Македонија„, стои во статијата на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

ФАЦ се осврнува и на улогата која партизираното СЈО ја има во проектот Преспански договор во рацете на премиерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top