| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка вчера кај Маврово – Се превртел камион со 200 овци

Вчера околу пладне било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с. Новаци- битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.

Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р. (50) од Битола, а настрадале 68 овци.

По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top