| четврток, 6 декември 2018 |

„Билд“: Венгер ќе го замени Ковач на чело на Баерн Минхен

Во Минхен денеска ќе се одржи вонредна прес-конференција на Баерн, на која се очекува да биде објавено разрешувањето на тренерот Нико Ковач и неговата замена со Арсен Венгер, соопшти „Билд“.

Францускиот стратег неодамна потврди дека планира да започне со работа на 1 јануари. Тој 22 години беше менаџер на лондонски Арсенал и го напушти клубот по крајот на минатата сезона. Баерн Минхен моментално е шести во Бундеслигата, заостанувајќи четири поени од лидерот Борусија Дортмунд.

Во Лигата на шампионите Баварците освоија четири поени во два натпревара и се втори во групата „Е“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top