Малку јога потези, дружење со сурфери, боси нозе, макси фустан и тон насмевки… Меган ужива во бременоста за време на посетата на Австралија.
Принцот Хари и Меган Маркл се на официјална посета на Австралија, а деновиве во Сиднеј не можеа да ја одминат позната плажа „Bondi beach“.
Тие ги посетија локалните сурфери и говореа како менталното здравје се подобрува со забавни активности. Хари и Меган присуствуваа на средба каде луѓето отворено зборуваа за своите проблеми со менталното здравје.
При пристигнувањето Меган го милуваше своето трудничко стомаче.
Потоа, бремената војвотка босонога шеташе по плажата и им даваше поддршка на луѓето што практикуваат јога. И самата таа е вљубеничка во јога, а и нејзината мајка работи како јога инструктор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст






