| четврток, 6 декември 2018 |

Ранец полн марихуана најден на дрво кај „Воденица“

Вчера во 17,30 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста „Воденица“ полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана. Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси.

Извршен бил увид на местото на настанот, а пронајдената марихуана е подигната и предадена за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top