Српскиот претседател, Александар Вучиќ, повеќе од 1 час одговараше на новинарски прашања по првиот панел од Белградскиот безбедносен форум, кој осма година по ред се одржува во српскиот главен град.
На прашање на „Макфакс“ дали на Србија ѝ значи од безбедносен аспект идното членство на Македонија во НАТО, имајќи ги предвид преговорите со Приштина, Вучиќ беше дециден дека ним тоа ништо не им значи. „Среќен ви пат во НАТО, ние не сакаме. Мене вашиот пат во НАТО не ми значи ништо.“
Вучиќ рече дека му е драго што има присутни новинари од Македонија на Белградскиот безбедносен форум и праша дали добро се чувствуваат, зашто и тој секогаш кога доаѓал во Македонија се чувствувал добро.
Тој беше изненаден од прашање на новинар кој го праша дали синоќа имале средба со раководството на Српската напредна партија и потврди дека се сретнале, но не одговори прецизно дали се договорени нови предвремени избори во Србија.
На првиот утрински панел, Вучиќ говореше заедно со австрискиот претседател, Александер Ван Дер Белен, за предизвиците од членството во Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст