| четврток, 6 декември 2018 |

Златна зора ќе протестира за време на културно-музички собир на Македонците во Лерин

Под името „Протест против антигрчката пропаганда“ неонацистичката „Злата зора“ в сабота во Лерин ќе организира голем протест за време на собир на Македонците од Грција, организиран од Македонскиот клуб. На собирот е предвидена и музичка содржина со македонски песни.
Златна зора смета дека намеата на културно-музичкиот настан е да се докаже постоење на македонски јазик, иденититет и малцинство.

„Затоа Златна зора ги повикува сите грчки патриоти в сабота во 18 часот пред хотелот „Панорама“ во Флорина на протест против антигрчките позиции на скопјаните и нивните агенти. Узурпаторите на нашата историја нема да останат без одговор“, стои во повикот на Златна зора.


Извор ПресингТВ.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top