| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики

САД ги поттикнуваат лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики и да ја искористат историската можност за подобра иднина на земјата, вели ,меѓу другото, претставник од Стејт департментот во изјава за грчката новинска агенција АНА- МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, американскиот функционер, на прашањето за оставката на Никос Коѕијас, рекол дека „му се заблагодаруваат за покажаната особена посветеност за зајакнување на односите САД – Грција и за придонесот во постигнувањето на историскиот Договор од Преспа“.

– САД цврсто ја поддржуваат целосната имплементација на договорот, кој ќе и овозможи на Македонија да го заземе своето место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи за регионална стабилност, безбедност и просперитет. Бидејќи во македонското Собрание продолжува расправата за уставните измени ги поттикнуваме лидерите да ги надминат партиските политики и да ја искористи оваа историска можност за да се обезбедат подобра иднина за земјата како полноправна членка на западните институции, рекол претставникот на Стејт департментот за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top