| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничениот за убиството на Маринова екстрадиран во Бугарија

Од Германија во Бугарија денеска беше екстрадиран осомничениот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова од градот Русе. Како што јави БТА, Северин Красимиров со редовен лет од Германија пристигнал на аеродромот во Софија, каде што го пречекал тим на затворската стража, која ќе го префрли во Русе.

Се очекува тој да биде притворен и против него да биде поднесено официјално обвинение. Неговата екстрадиција беше по барање на бугарските власти.

Минатата недела обвинителството во германскиот град Целе соопшти дека лицето осомничено за убиството на 30-годишната новинарка набргу ќе биде екстрадирано во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top