| четврток, 6 декември 2018 |

Aлбанија има зоoлошка од пеколот: Лав со инфицирано око, гладни зебри, волци и кучиња (фото галерија)

Албанските власти реагираа откако британските медиуми објавија серија хорор фотографии од зоолошката градина во Фиер, на југозападот на земјата. Шокантни фотографии на кои се гледаат болни и изгладнети животни ја шокираа јавноста. На нив се гледа прегладнет лав со инфекција на очите во живеалиште под сите стандарди.

Британските медиуми објавија серија фотографии и од другите запоставени животни во приватната зоолошка ,,Сафари- парк” во Фиер.

Денеска министерот за туризам и заштита на живтоната средина на Албанија, Бленди Клоси наредил спасување на животните и нивно преместување во побезбедни услови.

– Реагирам на вестите објавени во Дејли Меил , како и на десетиците пораки за неприфатливата ссотојба во која живеат животните во приватната зоолошка градина во Фиер. Наредив итна акција за спасување од страна на инспекторатот, кои заедно со полицијата и организацијатаз а заштита на животните, ќе ги преместат и заштитат овие животни , изјави министерот.

Откако Дејли Меил ги објави шокантните фотографии на кои се гледаат животни кои престојуваат во бетонски нечисти кафези и газат по својот измет, овие фотографии се раширија и во другите медиуми, како и преку социјалните мрежи.

Еден од кафезите, пишува Дејли мејл, се чини дека е дом на куче скитник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top