| четврток, 6 декември 2018 |

Вториот крак остана без најубавата плажа (ФОТО)

Плажата Агиос Јоанис на Ситонија повеќе нема да биде онаква каква што ја паметите. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека се подготвува изградба на огромен хотелски комплекс.

Откако заврши сезонатаа на краците, на вториот крак се уште не е мирно, наместо туристи, се слушаат багери и камиони.

Хотелскиот комплекс ќе се наоѓа на плажата, а туристите кои годинава летуваа на Ситонија се последните кои уживале во мирот и тишината на Агион Јоанис, која се наоѓа на четири километри од Никити кон Неос Мармарис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top